Еве како изгледа руската клиника за коронавирус вредна 100 милиони евра, изградена од нула за помалку од еден месец

Русија се подготвува да отвори сосема нова болница за итни случаи од коронавирус, изградена од нула за помалку од еден месец.

Овие први фотографии ги прикажуваат одделенијата во новата клиника од 104 милиони евра во Москва, која во последните денови видела 10.000 плус градежни работници распоредени деноноќно.

Таа е најголемата од 18 новоизградени болници што сега се градат низ Русија за да се справат со кризата „Ковид-19“ и единствена што не е изградена од армијата. Речиси половина кревети во новата московска клиника ќе бидат во единици за интензивна нега.

Отворањето на болницата доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин ја предупредува јавноста дека допрва треба да го видат врвот на вирусот. Постои загриженост затоа што 69% од сите регистрирани случаи на коронавирусот се во главниот град.

Постојната московска болница за инфективни болести, „Комунарка“, е преполна со „елитни“ пациенти кои страдаат од коронавирус или од неговите симптоми.

Еден пациент во Комунарка е и главата на болницата, д-р Денис Проценко, кој предизвика здравствена паника по состанокот и ракувањето со претседателот Владимир Путин, а последователно му беше дијагностициран Ковид-19.