Еве како изгледаат новите 6 пингвини кои пристигнаа во ЗОО Скопје, од Русија

ЗОО Скопје изненади со дури 6 неодоливи суштества кои ни простигнаа од Русија. Три машки и три женски пингвини се дел од семејството на пингвини во зоолошката градина. Од ЗОО Скопје велат дека пингвините се во одлична состојба и одлично се адаптираат. Од фотографиите може да се види како тие уживаат во внатрешниот базен, а наскоро ќе можат да уживаат и надвор од него, откако ќе им заврши „карантинот“.

„Во време на пандемија, кога транспортот е сложен, а летовите редуцирани, со големи напори успеавме да ги донесеме овие шест нови жители на Скопје Зоо кои ќе им се приклучат на Скипер, Прајвет и Ковалски.“, објавија на Фејсбук од ЗОО Скопје.

Пингвините се од видот „Хамболт“. Овие пингвини се јужноамерикански пингвини кои живеат главно во Националниот резерват Пингуино де Хумболт на северот на Чиле, иако неговото живеалиште го сочинува најголемиот дел од крајбрежното Перу. Ова значи дека тие се навикнати да живеат во места со повисоки температури.

Тие се средно-големи пингвини, кои растат од 56-70 см и тежат 3,6-5,9 кг. Видот е наведен како ранлив од IUCN без воспоставен план за обновување на населението. Сегашното население е составено од 32.000 зрели поединци и опаѓа. Се надеваме дека симпатичните суштества ќе уживаат во престојот во ЗОО Скопје.