Еве како изгледала изградбата на најпознатиот мост во Прага во 14-тиот век

Повеќето од нас се воодушевуваат на старата европска архитектура, но дали некогаш сте се запрашале како се изградија овие зашеметувачи градби во минатото? За среќа, Инженеринг и Архитектура изработија фасцинантна анимација која ја прикажува изградбата на „Карловиот мост“ во Прага, Чешка. Изградбата започнала во 1357 година, а мостот бил завршен во 1402 година, односно биле потребни дури 45 години за да се изгради.

Мостот, кој првично се викал Камен мост и го добил името на кралот само во 1870 година, е долг 616 метри, а широк скоро 10 метри. Покрај ова, тој е украсен со 30 статуи, главно во барок стил, кои првично биле изградени во околу 1700 година, но сега се заменети со реплики. „Карловиот мост“ не бил сосема нов проект туку целта му била да го замени Јудитин мостот кој бил оштетен во поплава во 13-тиот век.