Еве како изгледаше првата забава во Австралија откако победија во битката со пандемијата

Илјадници љубители на музиката се собраа на фестивалот „Ребаунд“ во саботата во Дарвин. Овој настан беше еден од првите фестивали што се одржаа во Австралија по пандемијата на коронавирусот. Околу 3.500 луѓе танцуваа без никакво социјално дистанцирање за време на настапите на најголемите австралиски уметници кои ја пропуштија сцената во последните месеци. Организаторите ја охрабруваа хигиената на рацете, но немаше ограничувања на настанот.