Еве како ќе изгледа: Нафтената платформа станува забавен парк со единаесет ресторани и три хотели
Бидејќи човечката имагинација и креативност немаат граници, последниот случај од Саудиска Арабија говори сам за себе. Имено, една стара платформа за нафта ќе ја претворат во забавен парк. После ова ни се чини дека се е можно.

Според порталот NZ Herald, инвестициски фонд во Саудиска Арабија објавил планови за претворање на старата нафтена платформа во забавен парк. Лоциран во Арапскиот Залив, забавниот парк ќе се состои од возови на смртта, тркачки автомобили, спортови на вода и други атракции погодни за децата, користејќи ја постоечката инфраструктура на старата нафтена платформа.
Новиот туристички проект е дизајниран да се усогласи со напорите на Саудиска Арабија да го префрли својот фокус од нафта на туризам и забава како начин за зачувување на животната средина. Забавниот парк ќе зафаќа повеќе од 150 илјади метри квадратни, а покрај забавните објекти на гостите ќе им бидат на располагање 11 ресторани и три хотели.

Саудијците очекуваат овој уникатен проект да привлече туристи од целиот свет, особено оние од околните земји. Според најавите, овде ќе може да се скока банџи, но и да се занимаваат со други спортови. Иако земјата е зависна од нафта, престолонаследникот Мохамед бин Салман сака да ја покаже и својата друга страна. На оние кои следат фудбал, името веројатно им звучело познато, со оглед на тоа што се работи за новиот сопственик на Њукасл.
Во секој случај, погледнете повеќе за проектот во видеото на Youtube:
