Еве како компјутерски техничар ја претвори својата шеста генерација „Корвета“ во спортски далечински управуван спортски автомобил

Бјорн Хармс е холандски компјутерски техничар кој ја претвори својата Корвет во далечински управуван автомобил. Дури и со прилагодувањата, автомобилот сè уште функционира и како „нормален“ автомобил. Тој, исто така, конвертирал и реплика на DeLorean и Knight Rider.

Бјорн вели дека својата испирација за да го направи автомобилот ја добил кога го гледал филмот „Назад во иднината“, кога бил дете. Тој вели: „Некои од предизвиците со кои се соочував, беше дефинитивно да се сокријат сите контроли под контролната табла на таков начин што автомобилот сè уште да изгледа како било кој автомобил.“

Целиот процес на изработка траел околу една година и го чинел Бјорн околу 4.000 долари. Еве што успеал да направи овој креативен човек.