Еве како ова момче стана славно на интернет од мали нозе, само затоа што било „гладно“ за песок

Денес сите постојано си испраќаме мемиња и сакаме да ја изразуваме смислата за хумор преку нив. Сигурно секој од нас си има и интерно меме од пријателите и го праќаме за да се насмееме, но што ако мемето стане вирално? Навидум обична фотографија, која може да биде преточена во хумор. Токму тоа му се случило на Сем.

Тој со своето семејство отишол на плажа во 2007 и неговата мајка која си купила нов апарат го фотографирала 11-месечниот Сем. Во моментот кога Сем ја наполнил раката со песок и сакал да го јаде мајка му го фотографирала и останатото е историја. „Успешното дете“ дури и го спасило животот на својот татко кога биле потребни да се соберат пари за пресадување на бубрег.

I Accidentally Became A Meme: Success Kid