Еве како овие мажи целосно ѝ го променија животот на поранешната професорка по музичко за само 6 месеци

Проектот „The Word of the Man“ е стар скоро 2 години и неговиот опис на YouTube е многу краток, „Мисијата на каналот е да ги инспирира луѓето и да прават добри работи“.

Роман и неговиот снимател Дiмитриј одат околу Москва и во околните градови за да им помогнат на сиромашните семејства, пензионираните лица и лицата со посебни потреби и тие снимаат сè што прават.

Во минатото, Наталија Александровна (62 години) била наставничка по музика и уметност

Таа може да свири пијано и хармоника. Момците се возеле наоколу кога забележале жена која вади работи од контејнерите. Тие застанале и подариле кеса со храна и се заинтеренсирале за нејзината животна судбина. Професорката им раскажала како некогаш имала убава работа но нејзиниот живот почнал да се распаѓа.

Во 2018 година, нејзината постара ќерка Олга се самоубила. Младата жена земала заем од 4.500 долари и не можела да го врати. Наталија била жирант и сега секој месец мора да враќа по 120 долари. така што таа има само 60 долари месечно што може да ги потроши. Таа има 32-годишен епилептичен син кој најголем дел од времето го поминува затворен во нивниот мал стан.

Наталија се обидела да најде работа, но поради операцијата на колкот не можела. Таа има и проблеми со видот, на едното око не гледа ништо, а со другото многу малку. Таа не пие или пуши и никогаш не ги имала овие деструктивни лоши навики.

Момците решиле да го посетат домот на Наталија, кој бил во ужасна состојба и смрдеата била скоро неподнослива. Таа не платила сметка за струја и веќе една година живее со синот без електрична енергија. Таа преживеала рак и сама ги одгледувала своите деца како самохрана мајка, откако сопругот ја напуштил.

Момците првин ѝ ја платиле сметката за електрична енергија која изнесувала 170 долари. Потоа во наредните 6 месеци ѝ платиле операција на окото, купиле фрижидер и шпорет. Потоа нашле лекар кој ѝ направил уште една бесплатна операција на очите, ги средила забите, а потоа ѝ го реновирале целиот стан.

Откако ја посетиле жената по 2 месеци таа им раскажала како поранешни ученици ја препознале и посетиле, а почнала и да држи дополнителни часови по музичко во едно училиште. Таа вели дека сега конечно има желба за живот и надеж за подобро утре.