Еве како се бега од полиција со украдено возило и лисици на рацете
Еден човек од Оклахома, САД, успеал да им избега на полицајците при апсењето и да украде ATV четирицикл и се` ова додека имал лисици на рацете.
Обидот за бегство се случил на 10 август, кога полицијата го забележала осомничениот, идентификуван како Лукас Страјдер, како поминува покрај знакот за застанување и пресекува паркинг за да стигне до железничките пруги во Едмонд, северно од Оклахома Сити во САД.

Додека полицијата го гонела осомничениот, дознале дека штотуку избегал од апсење од полицискиот оддел во Џонс и дека тој се` уште бил во лисици на рацете и АТV четирициклот што го возел наводно бил украден.
Осомничениот првично бил приведен под сомнение дека украл бакарна жица и катализатори и избегал од патролната единица додека му ставале лисици на рацете.
Страјдер налетал на ATV четирициклот покрај локална резиденција, го украл и побегнал, успевајќи да ги избегне и полицијата и сопственикот на возилото, кој го бркал со друго возило на четири тркала, речиси еден час.
Погледнете ги снимките од инцидентот подолу:
Откако застанал, осомничениот и се предал на полицијата без дополнителни инциденти.
