Еве како Трамп со помош на Илон Маск ќе си ја средува администрацијата. Новото министерство се вика DOGE.
Трамп ги избра Илон Маск и Вивек Рамасвами да го „демонтираат“ огромниот бирократски систем на САД вреден 6,5 трилиони долари преку раководење со новата агенција за ефикасност на владата, наречена Оддел за владина ефикасност (DOGE).
Нивната цел е да ги намалат непотребните регулативи и трошоци, со фокус на намалување на бројот на федерални службеници.
Изборот на името воопшто не е случаен. Тоа е името на МЕМЕ крипто валутата зад која стои Илон Маск, а воедно е и кратенка од Department of Government Efficiency – Оддел за владина ефикасност. Што мислите дали Маск ќе толерира партиски војници?


Новата DOGE иницијатива
Водечката републиканка Џони Ернст од Ајова е предводник на агресивните планови на DOGE, создавајќи нов „DOGE Кокус“ во Сенатот. Во Претставничкиот дом, Мерџори Тејлор Грин од Џорџија е назначена за моќна улога како претседател на нова подкомисија за поддршка на DOGE.
Ернст го претстави својот прв закон поврзан со DOGE, наречен REMOTE Act, кој користи софтвер за следење на активноста на компјутерите на бирократите и бара извештаи од агенциите за негативните ефекти на работењето од дома.
Законот има за цел да ги врати федералните службеници назад во канцелариите и да обезбеди поголема одговорност за нивната работа.

Соработката со Маск и Рамасвами
Илон Маск, заедно со својот син X, и Вивек Рамасвами во четвртокот се сретнаа со законодавците во Капитол Хил за да се подготви план за работа со следната администрација.
Ернст подготви 60-страничен извештај кој детално ги објаснува најефикасните начини на кои DOGE може да се справи со злоупотребите. Таа откри дека само 6% од федералните службеници работат со полно работно време во канцеларија.
Законот предвидува периодично следење на активноста на вработените кои работат од далечина, вклучително и бројот на пријавувања, времето поминато на компјутерот и обемот на создаден интернет сообраќај.

Борба против непотребните трошоци
Ернст, заедно со Маск и Рамасвами, планира да заштеди 1 трилион долари веднаш, почнувајќи со елиминирање на над 7.000 неискористени федерални згради кои трошат над 8 милијарди долари годишно.
Дополнително, празните канцеларии и ниската продуктивност на оние што работат од дома веќе чинат милијарди на даночните обврзници.
Некои службеници биле уловени како работат од када, играат билијард или добиваат плати дури и додека биле во затвор. Ернст ги критикува и „лажните бонуси“ кои се доделуваат за слаби перформанси.

Другите приоритети на Ернст вклучуваат:
Намалување на трошоците за истражувања без значајна корист, како студии за тоа колку брзо трча рак на лента или дали водата од шише е подобра од таа од тоалетот.
Ревизија на даночната управа (IRS), бидејќи над 5.000 нејзини вработени не ги плаќаат сопствените даноци.
Пренасочување на неискористените средства од помошта за КОВИД кон намалување на националниот долг.
Ернст истакна дека DOGE е создаден за да внесе „шокови во системот“ и да ја намали бирократијата до јули 2026 година.
Со поддршка од Маск и Рамасвами, новата иницијатива DOGE ветува дека ќе го трансформира начинот на кој функционира американската влада, создавајќи поефикасен и помал систем.

Коментирај анонимно