Еве како вашиот дом да биде безбеден за време на пандемијата со помош на неколку чекори

Постојано ни доаѓаат информации за тоа колку коронавирусот се задржува на облеката на чевлите, на рамни, на рапави површини, што повеќе не можеме да бидеме сигурни каде, како и на кој начин можеме да го внесеме во нашиот дом. Сите велат дека не треба да излегуваме, но сепак постојат неодложни излегувања до супермаркет или аптека. Затоа сите треба да преземеме превентивни мерки, а овие неколку чекори ќе овозможат рутина која би можела да ве поштеди од КОВИД-19.

Прилично е едноставно и во прашање е само ред и дисциплина. Првин во ходникот издвојте си простор за „Валкана зона“ каде што ќе ги извршувате сите наведени активности. Обележете ја зоната со парче дрво, конец, маркер, како и да ви одговара. Во таа „валкана зона“ до вратата првин поставете кутија за чевли.

Потоа поставете кутија во која ќе има средство за дезинфекција на облеката (по можност доколку имате закачалка оставете ја тука и облеката што сте ја носеле надвор). Исто така добро би било од средството да прснете и на чевлите. Потоа наредната кутија/стол, треба да содржи гел за дезинфекција на раце и антибактериски влажни марамчиња. Откако ќе го завршите овој „ритуал“ можете да влезете во вашиот дом и да се чувствувате побезбедно.