Еве како започна Илинденскиот марш, македонска традиција која продолжува со децении
Секоја година, традиционално, од дворот на црквата „Свети Петар и Павле“, Горно Лисиче тргнува коњаницата на Илинденскиот марш која треба да пристигне во Крушево, на 2 август. Околу триесетина коњаници беа испочитувани од присутните и го продолжија патот кон нивната крајна дестинација, Крушево. Вака се слави најголемиот македонски празник Илинден.











