Еве како живее жената со „слепило на лица“ која не може да си го запомни ниту лицето на сопственото дете

Елена од Русија не може да си го препознае детето меѓу меговите врсници. Секој ден се обидува да сфати дали сопругот е пред неа. Жената не може да помни лица. Таа дури и го запознава сопственото лице одново секој пат, гледајќи во огледало или фотографија. Ова нарушување се нарекува агнозија на лица.

„До 29-та година од животот се обидував да се убедам дека не сум ментално заостаната. И само една година од мојот живот сум свесна дека патам од агнозија на лица.“. вели Елена. Како дете таа имала проблеми со главоболка, мигрена до гадење, проблем со церебрални садови, крварење од носот, низок крвен притисок. Нејзините родители на некој начин не сакале да признаат дека нешто сериозно не е во ред со нивната ќерка откако таа им велела дека не се сеќава на нивните лица.

„Јавното признавање е последната точка на самоприфаќање, борбата против комплексите. Се сеќавам како порано бев многу засрамена што не можам да препознаам никого. На пример, на 16-годишна возраст, пристигнав на Крим и дојдоа другарки кај мене, со кои заедно одевме во градинка. Воопшто не знаев кој е пред мене, иако девојките се присетуваа на приказни од минатото и велеа дека сите малку сме се промениле. Дури и мајка ми се сети на овие девојки. Ги погледнавме старите фотографии, а мајка ми лесно ги препозна сите. Во тој момент, почнав да сфаќам дека гледам лица поинаку од сите други.“, објаснува Елена.

„Кога комуницирам со некоја личност, јасно и чисто го гледам неговото лице. Но, штом контактот со очите е прекинат, веќе не можам да го создадам неговото лице во мојата меморија. Јас можам да поминам покрај некое поранешно момче и дури и да не сфатам дека тоа е тој. На пример, мојот сопруг со и без брада е како двајца различни луѓе. Но, добро се сеќавам на луѓето по начинот на кој зборуваат. Мојата меморија е банка на гласови. Гласот е најточниот идентификатор на една личност.“, додава таа.

Елена има 5-годишен син кој не може да го препознае кога оди да го земе во градинка. Затоа таа му купува облека во светли бои и го помни по ранецот кој е портокалова плишана жаба. Таа вели дека ѝ помага и фактот што син ѝ самиот трча кон неа кога ќе ја види пред градинката.

„Еве ден земав и да дете почнав да му ги местам шорцевите мислејќи дека е син ми, се додека не слушнав зад мене како вели ‘Мамо исправи ги и моите!’.“, раскажува Елена за една од многуте непријатни ситуации.

Жената вели дека нејизната болест скоро никој и да не ја истражува затоа што е многу ретка. Таа се плаши дека за 10 години нема да може да препознае никој затоа што состојбата ѝ се влошува. Таа повеќе не се сеќава ниту на филмови, а има проблем да се препознава во огледало со шминка и нова фризура.