Премини на МотикаX

Еве колку изгубија најбогатите 500 луѓе во светот поради тарифите на Трамп – за само еден ден

Новите царини на американскиот претседател Доналд Трамп предизвикаа економски потрес, а најмногу настрадаа – милијардерите. Откако Трамп објави дека ќе се наплатува дополнителен данок за сè што американските граѓани ќе купуваат од странство (во зависност од земјата и производот), берзите се залулаа, а богатството на супербогатите буквално испари.

Дури и неговиот пријател, најбогатиот човек на светот, Илон Маск, забележа огромни загуби. Трамп најави царина од дури 54% за кинески производи, што значи дека цените на технолошки уреди – како iPhone, кој најчесто се произведува во Кина – може нагло да скокнат. Компаниите како Apple најверојатно нема да ги покријат дополнителните трошоци, па товарот ќе падне врз купувачите.

 

Еве колку изгубија најбогатите 500 луѓе во светот поради тарифите на Трамп – за само еден ден

Историски пад на богатството на милијардерите

Според New York Post, само во петокот, 500-те најбогати луѓе во светот загубиле вкупно 329 милијарди долари. До крајот на понеделникот, таа сума достигнала 500 милијарди долари – најголема загуба досега забележана на Bloomberg Billionaires Index.
Имено, Маск, Цукерберг, Гејтс и Безос заедно изгубиле над 75 милијарди долари, а коосновачите на Google, Сергеј Брин и Лери Пејџ, изгубиле по над 30 милијарди секој.

 

Историски пад на богатството на милијардерите

Пари што не завршуваат кај народот

Иако обичниот Американец ќе плати поскапо за странски производи, најголемата загуба ја почувствуваа милијардерите и технолошките гиганти. Иронијата е што парите што се губат од нивните империи, најверојатно ќе завршат во касата на владата на Трамп – а не кај обичниот граѓанин.

Со оглед на тоа што од прогласувањето на „Денот на ослободување“ на Трамп помина само една недела, многумина се прашуваат – дали најлошото за богатите допрва доаѓа?

 

Пари што не завршуваат кај народот

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *