Еве колку пари треба да заработувата за да бидете дел од горната средна класа во Њујорк

За да се сметате за дел од горната средна класа во Њујорк, годишниот приход на едно домаќинство треба да изнесува најмалку 131.566 долари — а во сојузните држави Њу Џерси и Конектикат, овој праг е дури и повисок.

Според дефиницијата на Pew Research, средната класа во Америка ги опфаќа домаќинствата кои заработуваат меѓу две третини и двојно повеќе од медијалниот приход во нивната држава. Новата анализа на GoBankingRates, базирана на податоци од пописот во 2023 година, го определи горниот трет дел од овој опсег како критериум за припадност кон горната средна класа.

 

Еве колку пари треба да заработувата за да бидете дел од горната средна класа во Њујорк

Колку се заработува во овие држави?

Во: Њујорк, средната класа заработува од 56.385 до 168.156 долари, што значи дека за да бидете горна средна класа, ви требаат најмалку 131.566 долари. Конектикат „бара“ минимум 145.849 долари годишно. Њу Џерси е на врвот со 157.189 долари како праг за горна средна класа.

 

Колку се заработува во овие држави?

Разлики што ја нагласуваат економската нееднаквост во САД

Овие бројки варираат значително внатре во самите држави. Жител на Њујорк Сити, на пример, има далеку повисоки животни трошоци од жител на мало гратче во државата.
Но, три-државната област не е единствена со високи стандарди. Во: Масачусетс се бараат 157.642 долари, Мериленд има највисок праг со 158.125 долари, што не е изненадување имајќи ги предвид скапите предградија близу Вашингтон.

На спротивниот крај е Мисисипи, каде што за статус на горна средна класа доволни се 85.423 долари годишно. Овие разлики ја нагласуваат економската нееднаквост во САД и влијанието на географијата врз животниот стандард.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *