Еве колку се сменија членовите на кралското семејство во последните 10 години

Кралицата Елизабета Втора стана првиот британски монарх во историјата на земјата кој толку долго останал на тронот принцот Филип се пензионираше по децении на кралската служба, а оваа кралска двојка доби 8 правнуци …

Ова се само некои од настаните што се случија од 2010 година. Сега, ајде да дознаеме уште неколку детали за тоа како изгледал животот на секој член на кралското семејство и што се сменило во нивниот животен стил сега.

1. Кралицата Елизабета II

Најважниот настан за кралицата се случи на 6 февруари 2017 година, кога таа стана првиот британски монарх кој славеше „Сафирски јубилеј“, што значи дека, во тој момент, таа била на тронот 65 години.

2. Принцот Филип

Во мај 2017 година, по 65 години стаж, принцот Филип се повлече од сите службени должности. Неговиот последен ангажман се случи во август 2017 година во Бакингемската палата.

3. Принцот Чарлс

Наследникот на престолот е исто така еден интересен екологист – во 2017 година, тој дури објави книга за климатските промени.

4. Камила, војвотка од Корнвол

Заедно со нејзиниот сопруг принцот Чарлс, Камила учествуваше во многу официјални ангажмани во Велика Британија и во странство. Во 2017 година, таа го прослави и 70-от роденден.

5. Принцот Вилијам

Во 2011 година, Вилијам конечно се смири и се ожени со својата долгогодишна девојка Кејт Мидлтон. Денес, тој созреал во извонреден татко и лојален сопруг.

6. Кејт Мидлтон

По нивниот брак во април 2011 година, Кејт ја доби својата нова титула и стана војвотка од Кембриџ, посветувајќи го својот живот на добротворни цели за ментално здравје, деца, спорт и уметност.

7. Принцот Хари

Пред 10 години, животот на принцот Хари беше целосно посветен на армијата. Тој беше капитен во британските вооружени сили и дури беше распореден во воената зона во Авганистан во 2012 година. Во 2014 година, тој ги создаде Игрите на Инвиктус, спортски настан во кој повредените воени лица се натпреваруваат во различни видови на спортови. Во 2017 година, тој прв пат се појави во јавноста со Меган Маркл.

8. Меган Маркл

Пред само една деценија Меган беше актерка, во 2017 година се откажа од актеркста кариера. Во мај 2019 година, таа го роди нивниот син Арчи. Сепак на почетокот на 2020 година, парот одлучи да се откаже од своите кралски титули.

9. Принцезата Ана

Ана презема многу должности и ангажмани во име на нејзината мајка, кралицата Елизабета Втора. Во 2017 година, таа дури ги презеде и најофицијалните ангажмани на целото кралско семејство, вклучително и нејзината мајка. Таа, исто така патува многу во странство и е вклучена во преку 200 добротворни организации и други официјални организации.

10. Принцот Ендру

До 2011 година, принцот Ендрју беше специјален претставник на Велика Британија за меѓународна трговија и инвестиции. Во 2019 година, Ендру официјално се повлече од своите кралски должности до „блиска иднина“.

11. Принцезата Беатрис

Од нејзиното дипломирање на колеџ во 2011 година, Беатрис има сменето голем број позиции, вклучително и работа за ИТ компанија во Њујорк и покровител на детската болница наречена Forget Me Not. Во 2010 година, таа стана и прва членка на кралското семејство што го комплетираше лондонскиот маратон.

12. Принцезата Евгенија

Во 2013 година, Евгенија живеела во Њујорк цела година и работела како менаџер за онлајн аукциската компанија Падл8. Потоа се вратила во Лондон и се здобила со позиција во уметничката галерија Хаузер и Вирт, каде сè уште работи.

13. Принцот Едвард

Најмладиот од децата на кралицата и принцот Филип, принцот Едвард не копнее по вниманието на јавноста и претпочита да живее тивок живот со својата сопруга Софи. Тие ја прославија својата 20-годишнина од свадбата во јуни 2019 година.

14. Софи, грофица од Весекс

Грофицата од Весекс честопати му се придружува на нејзиниот сопруг кога ги извршува своите кралски должности. Во 2011 година, тие го посетија Авганистан, во 2012 година – Карибите. Севкупно, таа е покровител на повеќе од 70 организации и добротворни организации.