Еве на какви необични начини се казнуваат луѓето во Индонезија, кои не сакаат да носат маски

Што е заедничко за склековите, чистењето на бреговите на реките, кубење плевел, копањето гробови, па дури и лежење во отворен ковчег? Сите тие се казни што им се даваат на луѓето во Индонезија кои не ги следат прописите за коронавирусот.

Бидејќи земјата има најголем број на жртви поради Ковид во југо-источна Азија, официјалните лица преземаат невообичаени мерки за борба против ширењето на вирусот. Сепак, според група за човекови права, овие видови казни што ги извршуваат националните полицајци и војската, се „понижувачки“.

Според Центарот за ресурси на коронавирусот на универзитетот Џонс Хопкинс, Индонезија сега има над 10.300 потврдени смртни случаи како резултат на коронавирус. Бројот на загинати во земјата е најголем меѓу сите нации на југо-источна Азија. Стравувајќи од страшни резултати, официјалните лица на земјата спроведуваат невообичаени мерки за да ги спречат луѓето да ги кршат регулативите.

Не само што се изрекуваат строги парични казни за Индонезијците кои не се придржуваат до прописите за коронавирус – кои вклучуваат задолжително носење маски на јавни места – туку и различни прилично бизарни казни.

Тука спаѓаат служба во комунално претпријатие, склекови, чистење канализација, па дури и трчање на спринт од 800 метри под врелото сонце. Меѓу најчудните казни за кои многу се дискутираше на социјалните мрежи е принудувањето луѓето да копаат гробови или да лежат во ковчег.