Еве на кого му припадна Нобеловата награда за медицина 2020
Мајкл Хотон од Велика Британија ја доби наградата заедно со американските истражувачи Харви Алтер и Чарлс Рајс за нивната работа во идентификување на хепатитис што се пренесува преку крв, вирус што може да предизвика цироза (лузни во црниот дроб во доцна фаза) и рак на црниот дроб.
Триото ќе ја подели наградата од 10 милиони шведски круни (870 000 фунти) како и глобалното признание за научна извонредност и достигнувања.
Нобеловото собрание од Институтот Каролинска во Стокхолм рече дека тројката: „направи семинални откритија што доведоа до идентификување на нов вирус“.
Пред откритието, научниците во 60-тите години на минатиот век биле загрижени дека луѓето кои добиваат трансфузија на крв добиваат хроничен хепатитис, што предизвикува воспаление на црниот дроб, од непозната болест. Комитетот за Нобелова награда рече дека трансфузијата на крв за тоа време била како да играте „руски рулет“.
Хепатитис Ц беше опишан како „чума“ од страна на Томас Перлман, секретарот на Нобеловиот комитет за време на брифинг со новинарите, според „Гардијан“ и рече дека ги разбудил двајцата американски истражувачи за да им ја каже добрата вест на телефон додека Хаутон не бил веднаш достапен.
Хепатитисот А и Б беше откриен до средината на 1960-тите години, но до 1972 година, зголемениот број на пациенти кои примале трансфузија на крв и развивале здравствени проблеми со црниот дроб, ги започнале истражувачите во акција, барајќи ја причината.
Професорот Алтер преку истражување на шимпанзата и покажа на индустријата дека има уште една неидентификувана инфекција што предизвикува проблеми со човечкиот црн дроб, дури и откако пациентот добил трансфузија на крв.
Светот требаше да почека до 1989 година – 17 години откако започна потрагата по мистериозниот вирус – професорот Хаутон да ја изолира генетската низа на вирусот, на крајот именувајќи го Хепатит Ц.
Професорот Рајс го заврши откритието тестирајќи ја изолираната низа од Хаутон и инјектирајќи ја на шимпанзата во 1997 година – експеримент што го доведе шимпанзото да се разболи од хепатитис и така, лекот за вирусот започна да се развива.
Околу 70 милиони луѓе во светот во моментов живеат со хепатитис Ц, кој продолжува да убива 400.000 луѓе секоја година. Само во Велика Британија се проценува дека 215 000 луѓе живеат со вирусот и Нобеловиот комитет рече: „за прв пат во историјата, болеста сега може да се излечи, зголемувајќи ги надежите за искоренување на вирусот на хепатит Ц од светот“.