Еве за тебе медал, еве и за тебе, за тебе нема медал, ти си црна…: Млада гимнастичарка во Ирска е прескокната во доделувањето медали на натпревар, па сега државата се соочува со тужба

Ирска е вмешана во спор за расизам, откако видео покажа како млада црна натпреварувачка е прескокната за време на церемонијата на доделување медали, додека нејзините бели врсници добиваат награда.

Олимписката шампионка Симоне Бајлс го осуди „срцепарателниот“ инцидент и рече дека испратила видео за поддршка на младата девојка откако нејзините родители посегнале до неа.

 

 

 

Таа напиша на „Х“: „Нема простор за расизам во ниту еден спорт или воопшто!!!!“
Видеото, кое е снимено во март минатата година, прикажува состав од млади гимнастичари кои ги чекаат своите награди, а малото девојче возбудено го чека својот медал пред да биде занемарена. Откако повторно се појавија снимки од инцидентот тие станаа вирални оваа недела, па „Gymnastics Ireland“ објави јавно извинување за инцидентот, откако родителите на девојчето рекоа дека наводниот прекршок е поради расизам.

Ирското спортско тело тврдеше дека проблемот е решен во август, но мајката на младата девојка тоа го негираше, тврдејќи дека семејството не добило вистинско извинување.
Спортското тело соопшти дека „веднаш се ангажирало“ околу родителите на натпреварувачката по нивната жалба за инцидентот.

 

 

Говорејќи една година по инцидентот, мајката на девојчето рече дека семејството е „многу вознемирено“ од тоа како нивната ќерка била третирана на ова натпреварува и дека веруваат дека била игнорирана затоа што е црна, пишува „Ириш Индипендент“ .

„Засегнатиот службеник рече дека откако ја сфатиле грешката, веднаш ја исправиле и се погрижиле на натпреварувачката веднаш да и биде врачен медалот пред да го напушти полето за игра (FoP). Службеникот, исто така, изрази длабоко жалење за, како што го опиша- искрената грешка и побара можност лично да се извини на натпреварувачката и нејзиното семејство. Ова барање првично беше одбиено. Оттогаш беше издадено писмено извинување од идентификуваното лице до натпреварувачката и нејзиното семејство“.

 

 

Изјавата продолжи: „Првично се обидовме да го решиме ова прашање преку неформалниот процес на нашата политика за дисциплина и поплаки. Сепак, по серијата комуникации со родителите, тие ја известија „Гимнастик Ирска“ дека нема да се вклучат во процесот и бараат правен совет“.
Снимката од презентацијата во Даблин во март 2022 година оттогаш стана вирална на интернет.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *