Еве зошто жени не треба да работат во машки затвор: Вработената во затворот заврши зад решетки после афетара со еден затвореник
Елиза Хибс, поранешна затворска медицинска сестра во британскиот град Бриџенд, Велс, отиде во затвор откако имала афера со криминалец.
Хибс муабетела со затвореникот Хари Пулен, кој во 2019 година бил осуден на пет години затвор за дилање дрога. Подоцна, тој бил префрлен во друг затвор поради сомневање дека имал врска со вработените во установата. Додека го префрлувале во трет затвор за да се подготви за ослободување, при преглед во неговиот ректум бил пронајден мобилен телефон. Затвореникот доби дополнителна затворска казна.
Во текот на истрагата, се покажа дека Пулен ја запознал Хибс кога му пружила медицинска нега во затворот, а потоа ја контактирал преку социјалните мрежи. Хибс даде отказ во јули 2021 година, но беше уапсена една недела подоцна и призна дека му праќала пораки и флертувала со затвореникот. Таа сега е осудена на шест месеци затвор. Жената тврди дека никогаш немало сексуална врска меѓу неа и криминалецот.











sigurno go goltnal telefonot… e de pa zar e golem telefon… alal da mu e
Коментирај анонимно