Еволуцијата на Путин по повеќе од 2 децении моќ, која му беше доделена на денешен ден

Путин е постојано присутно лице на руската политика откако Борис Елцин го издигна во улога на премиер во 1999 година. И покрај тоа што е веќе 21 година на власт неговиот имиџ сè уште останува строго контролиран. Овие фотографии, сите потекнуваат од руските државни медиуми, покажуваат дека иако аспектите на изгледот на Путин се менувале со текот на времето, крутото држење на државниот занает не се сменило.

Во 2000 година на 26 март Путин победил на изборите и бил реизбран во 2004 година. По крајот на мандатот, тој немал право на трет последователен мандат, па во 2008 година новиот претседател Димитриј Медведев го избрал за премиер на земјата. Во септември 2011 година, Медведев го предложил Путин за претседателски кандидат, што довело до протести во неколку руски градови. Тој во март 2012 година победил на изборите, каде според новиот устав неговиот мандат ќе биде шест години. Тој секако победи и на изборите во 2018 година. Путин планира да се кандидира и на претседателските избори во 2024 година и на изборите шест години подоцна.

И тој не само што има план да остане доживотен претседател на Русија, човекот постојано како да се „подмладува“, а и фотографиите го докажуваат тоа.

1999

2000

2001

2002

2003

2004

2005

2006

2007

2008

2009

2010

2011

2012

2013

2014

2015

2016

2017

2018

2019

2020-2021