Факти кои не сте ги знаеле за Алексеј Леонов, првиот човек кој на денешен ден се прошета надвор во вселената
Роден во сибирското село Листвјанка во 1934 година, Леонов бил момче кога неговиот татко бил затворен во чистките на Сталин. Откако биле охрабрени од властите соседите се наредиле да го уништат домот на Леонови, додека семејството само гледало.

И покрај талентот кој го покажувал како уметник Леонов дипломирал како пилот на борбен авион. Неколку години подоцна, тој бил избран да биде еден од првите класи на СССР со 20 космонаути, заедно со Јуриј Гагарин, кој во 1961 година стана првата личност во вселената. Двајцата станаа најдобри пријатели.

Во март 1965 година, Леонов го добил својот прв лет на Воскход-2, прва мисија за прошетка низ вселената. Поврзан со вселенското летало со кабел долг 4,8 метри, тој излегол од надуен блок, се оттурнал и лебдел над Земјата.

Но, првата екскурзија надвор од вселенско летало не поминала според планираното – Леонов наскоро забележал дека му се надувал костумот. „Рацете ми се излизгаа од ракавиците, нозете ми излегоа од чизмите. Костумот се чувствуваше лабав околу моето тело“, изјавил Леонов.

Работите излегле од контрола и тие морале рачно да се вратат на земјата. Леталото слетало во снежните покриви на Урал, далеку од предвиденото место за слетување. Леонов и неговиот член на екипажот, Павел Белјајев морале да ги издржат екстремно ниските температури додека да дојде спасувачката екипа.

Тој бил планиран и за првиот човек на Месечината. Русинот тренирал за слетување на Месечината со модифициран хеликоптер Ми-4. На 110 метри над земјата, тој го запирал моторот на хеликоптерот и го слетувал на авторотација (каде што роторот се врти само со дејство на воздухот што се движи нагоре низ него).

На оваа висина, хеликоптерот одговарал на вертикалната брзина на леталото за време на неговото спуштање до површината на Месечината. „Тоа е луда идеја, крајно опасна. Но, јас направив девет од овие слетувања“, изјавил тој.

Во потег што некогаш ќе беше незамислив, двете земји се согласија да соработуваат во вселенска мисија, наречена Проект за тестирање Аполо-Сојуз. Двете суперсили одделно лансирале вселенски летала кои потоа се споиле во орбитата. Откако двете вселенски летала се поврзале, Леонов се пресели во заедничкиот приклучен модул и чекал астронаутите од Наса да го отворат отворот. Тој бил пречекан од Стафорд и, за прв пат, Русин оствари директен контакт со Американец во орбитата.

Тие требале да го научат јазикот едни од други, а Алексеј се пошегувал дека екипажот зборувал руски, англиски и „оклахомски“, повикувајќи се на акцентот на Стафорд од Оклахома.

Алексеј почина во 2019 година на 85-годишна возраст во московската болница Бурденко по долго боледување.
