Фарбање Велигденски јајца… во тоалет? Експериментот што ги остави сите без зборови
Видео од инфлуенсерка која фарба велигденски јајца во својата WC-школка стана вирално и предизвика лавина реакции, со многумина кои го оценија „уметничкиот“ обид како крајно нехигиенски.
Како воопшто дошла идејата?
Во видеото, објавено во среда и со над 3 милиони прегледи до сабота, Кејт Хајнцелман става дваесетина јајца во школката, ја наредува со шишенца со боја за храна и потоа ги истура боите во водата. Потоа додава сода бикарбона и оцет, по што јајцата добиваат ефект на врзани бои.
Хајнцелман (32), која има речиси половина милион следбеници на Инстаграм (@katewilltryanything), вели дека идејата ѝ дошла по неуспешен обид во кујната. „Сакав да бидат симпатични и претходно пробав со оцет и сода, но се распрсна по целиот пулт и мислев дека ќе го извалкам,“ изјавила таа. „Па си реков – ќе го направам тоа во тоалет, не ми е гајле ако таму остане дамка.“
„Па, не мора да се јадат Велигденските јајца“
Коментарите не ја поштедија:
„Ова е причината зошто не јадам на собири каде секој носи нешто.“
„Ти ќе бидеш виновна за следната пандемија.“
Дури и официјалниот профил на Eggo вафлите се вклучи со: „Сега, Кејт…“
Хајнцелман, која е христијанка, не го очекувала ваквиот одѕив и рече дека не знаела дека луѓето ги јадат велигденските јајца. „Ние никогаш не ги јадеме. Ги фарбаме само за декорација – стојат на пултот,“ објасни таа.
Мрш у пичку материн. И вие од порталов
Коментирај анонимно