Фарма во Русија им обезбеди очила за виртуелна реалност на КРАВИТЕ за да ги „расположи“
Една руска фарма на млечни производи им поставила целосна опрема за виртуелна реалност на своите крави во експеримент „да ја подобри нивната благосостојба“ и да го зголеми производството на млеко. Земјоделците работеа со програмери, ветеринари и консултанти во фармата Красногорск во близина на Москва, за да му направат симулација на добитокот на поле во лето.
Студијата откри „намалена вознемиреност и подобрување на целокупното емоционално расположение во стадото“, според Министерството за земјоделство и храна во Москва. Во наредниот дел од студијата ќе се забележи дали ова „подобрено општо расположение“ има позитивен ефект врз производството на млеко.
Хардверот е развиен со земање на човечки VR слушалки и обликувајќи ги на спецификациите на главата на животното. Специјалистите за информатички технологии потоа ја избраа палетата на бои во софтверот за да бидат посоодветни за уникатниот вид на животното. Кравите не можат да видат црвена или зелена боја и само гледаат бледи нијанси на жолта и сина боја.
Министерството за земјоделство се осврна на наодите од истражувањето на Холандија и Шкотска дека „условите на животната средина имаат значително влијание врз здравјето на кравите и, како последица на тоа, квалитетот и количината на произведеното млеко“.
Тие додадоа дека земјоделската индустрија се повеќе се потпира на роботиката за подобрување на емоционалната благосостојба на добитокот.