Фасцинантно видео открива како би изгледале Кардашијанс со нивните „стари“ лица без ПЛАСТИКА
Дигиталниот уметник од Мајами Мичел Вигс користеше неодамнешна промотивна фотографија од Ким, Кортни и Клои Кардашијан, како и нивните полусестри Кендал и Кајли Џенер и мајка им Крис за да направи мал експеримент што ја возбуди јавноста. Преку анализа на нивните фотографии низ годините, тој дигитално ги „вратил“ нивните природни црти на лицето.
Во видеото, со движење на курсорот над секоја од нив, нивните јаболчници стануваат помалку дефинирани, усните помали – до степен на речиси непрепознатлив изглед. Во описот, Вигс објаснува дека неговата цел била да им ги „врати старите лица“.
Д-р Даглас Штајнбрек, пластичен хирург од Њујорк вели дека според неговата проценка, тие имале бројни естетски процедури.
Според него, Кортни Кардашијан, која сега има 45 години, веројатно направила ринопластика насочена кон врвот на носот, како и контурирање на вилицата. Исто така, смета дека таа користела филери во пределот на јаболчниците и горната усна.
Иако Ким Кардашијан (44) тврди дека освен ботокс не направила други интервенции, д-р Штајнбрек верува дека таа користела филери под очите за помазен тен и во вилицата за поизразен облик. Покрај тоа, постои можност да имала и отстранување на букалната маст, бидејќи нејзиното лице со текот на времето станало „потесно“.
Видеото отвори дискусија меѓу фановите – дали славните личности треба да бидат транспарентни за естетските процедури или секој има право да ја крие својата „тајна на убавината“?

I do not even know how I ended up here, but I thought this post was great. I don’t know who you are but certainly you’re going to a famous blogger if you aren’t already 😉 Cheers!
Коментирај анонимно