ФЕНОМЕН: Бебе во Пакистан е родено со два полови органи, докторите во шок!

Бебе е родено со два полови органи, но без анус во редок медицински феномен во Пакистан.

Пенисите на пакистанското момче имаат „нормален облик“, велат лекарите кои во медицинско списание го објавиле извонредно реткиот случај на состојба позната како дифалија. Момчето исто така можело да врши нужда „од двата отвора“, открија хирурзите во Исламабад.

 

 

Лекарите, сепак, создадоа отвор преку колоноскопија за да може да помине столицата преку него.

Пишувајќи во „International Journal of Surgery Case Reports“, тимот тврди дека шансите да имате дифалија – како што е медицински познато – се еден на шест милиони. Само 100 случаи се забележани во медицинската литература, а првиот датира од 1609 година.

Момчето, родено по 36 недели, било згрижено во Детската болница на пакистанскиот институт за медицински науки. Неговите родители, кои го однеле на одделот за итни случаи во болницата веднаш по неговото раѓање, немале семејна историја на какви било вродени дефекти.

Лекарите кои го прегледале забележале дека тој нема анален отвор и два „добро формирани фалуси“, од кои едниот бил 1,5 цм, додека другиот 2,5 цм. Скенирањето открило дека тој имал единечен мочен меур закачен на два уретра, што значело дека исфрлал урина од двата пениса.

 

 

Хирурзите му го пренасочиле едниот крај на дебелото црево низ отворот во долниот лев дел на абдоменот, за да му овозможат да врши нужда. Момчето било следено два дена по операцијата. Потоа бил отпуштен и договорен последователен преглед.

Не е јасно како настанува дифалијата и не постои познат единствен фактор на ризик – но се смета дека тоа се случува случајно кога гениталиите се развиваат во утробата. Пациентите може да имаат или целосна дифалија, кога двата пениса се добро развиени, или делумна дифалија, кога едниот пенис е помал или деформиран.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *