Фер плеј во футсал каков што ретко се гледа на фудбалските терени: Играчот одби да даде гол, затоа што еден противнички играч беше повреден!

Разликата најверојатно ја прават играчите, кои овде играат само од љубов, додека фудбалерите тоа го прават за милиони.

Видеото е од футсал натпревар во Шпанија, кога еден од играчите заслужи голема почит заради неговиот спортски потег. Фудблерот на Карагена, Солано, на празен гол ја испрати топката надвор од теренот, затоа што еден од играчите на Сарагоса лежеше повреден на теренот.