Филипинците во центарот за евакуација од вулканот Тал ја направија најсмешната модна ревија од „несоодветна донирана облека“

Ерупцијата на вулканот Тал на главниот остров на Филипините предизвика неопислив хаос, при што скоро половина милион луѓе беа принудени да го евакуираат околното подрачје. Бидејќи тоните пепел од вулканот уништија куќи и различна инфраструктура, убивајќи култури и добиток од кои зависеа жителите, илјадници луѓе, наскоро ќе станат стотици илјади, беа присилени да останат во центрите за евакуација, каде се борат да ги обезбедат основните потреби.

Иако ситуацијата изгледа мрачна во импровизираните засолништа во кои престојуваат евакуираните, луѓето се обидуваат да се насмеат правејќи модна ревија од најчудната облека што им била донирана. И покрај тоа што не сите овие донирани предмети навистина ќе им бидат од корист на луѓето сепак им ги вратија насевките на лицата.