Филмот „Songbird“ ја носи пандемијата со Коронавирусот на ниво, кое никој не би сакал да го доживее

Четири години во карантин, вирусот се смени, а исто така и ние. Во застрашувачкиот трилер SONGBIRD, вирусот COVID-23 мутирал и светот е во својата 4-та година од карантин. Заразените Американци се иселени од своите домови и принудени во карантински логори познати како Q-зони, од кои нема бегање, а неколку храбри луѓе се борат против угнетувањето.

Бестрашен курир, Нико (КЈ Апа) е вљубен во убавата Сара (Софија Карсон), иако не можат да бидат заедно поради нејзиниот карантин. Откако ќе дознае дека неговата љубена е најверојатно заразена, Нико очајно се обидува да стигне до неа за да ја спаси од заробеништво, или од полошо.

Ова е првиот игран филм е всушност снимен за време на пандемијата во Лос Анџелес. Во филмот глумат и Бредли Витфорд и Деми Мур како богат брачен пар кој можеби го има клучот за мисијата на Нико. Александра Дадарио како пејачка вмешана во забранета афера. Пол Волтер Хаузер како инвалид ветеран чиј најдобар пријател – дрон по име Макс – се неговите очи и уши кон еден свет што го остави зад себе; Крег Робинсон како шеф на Нико; и Питер Стормаре како корумпиран шеф на одделот за „санитација“ во градот, кој ги запленува заразените и ги транспортира до Q-зоната. Филмот ќе излезе во 2021 година.