Финансиско неверство – како лажењето на партнерот во врска со пари може да ви ја уништи врската
„Парите зборуваат“, но во многу врски тие остануваат сомнително тивки. Според нова анкета на Casinos Analyzer, дури 41% од испитаниците признале дека тајно трошат пари без знаење на партнерот — а 57% изјавиле дека тоа довело до прекин на врската.
Овој феномен е познат како финансиска неверност — концепт што сè повеќе се поистоветува со емоционално и сексуално предавство. Лага за висината на платата, прикривање долгови или „заборавање“ да се спомене купување вредно стотици илјади, може да предизвика исто толку болка колку и класичната неверност.
Сериозно поткопување на довербата на партнерот
Психотерапевтката Џејми Бронстин, експерт за врски и соработник на Casinos Analyzer, нагласува дека оваа форма на изневерување — било да се работи за тајна набавка, неоткриен долг или прекумерно трошење — може сериозно да ја поткопа довербата и да создаде емоционална дистанца меѓу партнерите.
Истражувањата покажуваат дека оваа појава е почеста отколку што се мисли. Според анкетата на 2.000 мажи, речиси половина признале дека тајно управуваат со финансии зад грбот на партнерката — најчесто преку скриена штедна сметка (14%), „невино“ трошење (13%) или тајна кредитна картичка (12%).
Причини за овие постапки
Причините за ова однесување варираат — некои велат дека им било срам или не знаеле како да ја отворат темата, додека други чувствуваат притисок да бидат финансиски успешни. Речиси половина од испитаниците наведуваат дека очекувањата од општеството придонесуваат за прикривање на вистината.
Бронстин предупредува дека ваквото однесување полека ја уништува довербата во врската. Оној што е во незнаење, често чувствува дека нешто не е во ред, но не знае точно што, што може да доведе до самообвинување и повлекување.
Тој советува дека искрен разговор за финансиите, иако непријатен, може да биде првиот чекор кон повторно поврзување и зајакнување на довербата во врската.
Коментирај анонимно