Финскиот универзитет креираше симулација која покажува како заразен купувач во маркет може да го прошири вирусот

Експерти од универзитетот „Алто“ во Финска креираа анимација за да купувачите можат да бидат свесни за опасностите од ширење на коронавирусот.

„Некој заразен од коронавирус, може да кашла и да си замине, но потоа остави зад себе многу мали честички на аеросоли што го носат коронавирусот. Овие честички потоа би можеле да завршат во респираторниот тракт на другите во близина.“, велат научниците.  Потребни се неколку минути за облакот да се прошири. Според нив ова е уште еден доказ дека купувачите треба да носат заштитни маски и ракавици, но и да држат растојание од 2 метри.