Фит баба ќе ви даде совети за како да останете во добра форма за време на празниците

Една баба опседната со теретана, која е постојана мета на внимание благодарение на нејзиното затегнато тело, сподели врвни совети за да останете фит овој Божиќ.

Лесли Максвел (64) од Мелбурн, Австралија, работи како личен тренер со полно работно време и има армија обожаватели на Инстаграм, каде што споделува фотографии и видеа од нејзиниот изглед и рутините за вежбање.

Бабата вежба пет пати неделно и има освоено 30 титули на локални и национални натпревари во бикини освојувајќи ја првата на 49-годишна возраст.

Лесли, исто така, често оди во теретана со внуката Тиа (20) која е фанатик за фитнес, а луѓето претходно изјавија дека тие повеќе личиат на „сестри“.

Во пресрет на празничната сезона, таа сподели вообичаени грешки во исхраната и што да избегнувате ако сакате да ја започнете 2022 година во добра форма.

„Моите совети за јадење во текот на Божиќ би биле да се јаде повеќе мисирка отколку колачи“, изјави Лесли.

„Едното е протеин, додека другото се разградува на шеќер. Би рекла да намелите на безалкохолните пијалоци и виното, бидејќи тие се „празни калории“ и обично се складираат како меки телесни мастии Нема потреба да јадете сè што ви е понудено. Ако сте го завршиле оброкот и ви се нуди повеќе храна, едноставно почекајте една минута“.

„Друго совет е да одите на прошетка по Божиќната вечера. Ефикасното брзо одење може да ги активира сите мускули на нозете и задникот, плус одлично и за вашите мускули на јадрото“.

„Согорете ги тие дополнителни калории додека шетате со семејството или пријателите. Секој може лесно да ги следи овие совети за исхрана“.

Обидете се да вежбате редовно и помеѓу празничните настани, за да надоместите за дополнителната храна и алкохолот.

„За оние кои сакаат да останат во добра форма за време на Божиќ, моите најдобри совети би биле да тренираат со пријател или член на семејството“, рече Лесли.

„Потоа, додајте тренинг со висок интензитет во вашиот неделен распоред за тренинзи и направете го тренингот забавен!“

Лесли го започнала своето патување за трансформација на телото пред 14 години, откако користела фитнес за да се справи со нејзиниот развод.

Често ѝ приоѓаат помлади мажи, но верува дека годините се само бројка, велејќи дека сите нејзини партнери биле помлади од неа вклучувајќи го и нејзиниот поранешен сопруг, со кој била 13 години разлика.

64-годишната баба верува дека биолошката возраст и хронолошката возраст се две различни нешта и дека можете да бидете „стари или млади колку што сакате“ во зависност од тоа како се грижите за вашето тело.

Таа добива големо внимание од мажите во теретана и на интернет, но вели дека нејзиниот изглед често ги заплашува.