Фитнес инфлуенсер ја држел најекстремната диета на светот, која трае 100 часа – еве што се случило со неговото тело
Канадскиот фитнес инфлуенсер Вил Тенисон (30), го привлече вниманието на јавноста со својата „најекстремна диета“, при што изгубил околу 2 килограми за само четири дена. Во видеото објавено на YouTube, кое досега има повеќе од 2,5 милиони прегледи, Тенисон следи строга диета од само 1000 калории дневно, без јаглехидрати и без зачини, со внес на дури 7,5 литри вода дневно и 12.000 чекори.
Телото си ја наплатило цената
Диетата имала за цел драстично да ги намали резервите на телесна маст и да го дефинира мускулниот тонус, што е важно за бодибилдинг натпревари. Иако успеал да достигне само 5% телесни масти — што е речиси 20% помалку од просечниот маж — патот дотаму бил полн со тешкотии. Тенисон се пожалил на екстремна глад, главоболки, заматен вид, слабост во мускулите, несоница и нагли промени во расположението.
Неговиот тренер ја опиша диетата како „брутална“, а Тенисон изјавил дека се чувствувал како „да му се исклучува телото“. И покрај тоа што визуелните резултати биле впечатливи — со појасно изразени мускули, особено на нозете — неговото тело платило висока цена. Крвните анализи покажале значителен пад на тестостеронот, што се поврзува со недостаток на витални нутриенти како цинк, магнезиум и витамин Д.
Ментално и физички исцрпувачко
На крајот, иако завршил успешно со 2,5 килограми помалку, Тенисон признава дека искуството било ментално и физички исцрпувачко, и дека „самото гледање храна“ му станало предизвик. Сепак, останува горд на резултатите и на дисциплината што ја покажал.
Коментирај анонимно