Фитнес инфлуенсерка е исмејувана, откако на лет во авион решила да вежба кардио: „Оваа жена ја доби наградата за „идиот“ на годината!“
Мексиканската актерка и фитнес инфлуенсерка Барбара де Регил, беше жестоко критикувана на интернет за нејзината одлука да вежба среде преполн авион.
Барбара, позната по својата љубов кон фитнесот, патувала со својот сопруг на лет кој траел 35 часа. За време на патувањето, чувствувала дека „полудува“ од долго седење, па решила да започне целосна физичка активност во тесниот авионски ходник.
Во видео кое кружеше на социјалните мрежи, таа е прикажана како трча во место и изведува скокови со чучнувања, додека патниците околу неа се обидуваат да се релаксираат. Облечена во пижами и со маска за очи подигната на челото, таа со ентузијазам ги изведувала своите вежби. Видеото било објавено, а подоцна било избришано.
„Се чувствувам како да полудувам по скоро 35 часа во авион“, изјавила Барбара во клипот. Но, нејзината акција предизвика жестоки реакции на интернет. Многумина ја обвинија за нарушување на приватноста и удобноста на другите патници.
„Оваа жена веќе ја освои наградата за Идиот на годината“, коментираше еден корисник. Друг додаде: „Ова е неподносливо“, додека трет ја нарече „невротична.“
Некои корисници исто така забележале на сметка на нејзината хигиена: „Во авионите нема тушеви, мора да мириса лошо“, напиша еден од нив.
Барбара де Регил е популарна актерка и модел, позната по улогите во латиноамерикански сапунски серии. Освен тоа, таа е добро позната по својот дигитален контент за фитнес, здрава храна и совети за добросостојба.
Коментирај анонимно