(ФОТО+ ВИДЕО) Вонредна состојба: Торнадо срамни со земја неколку градови во држави во Америка, повреди неколку и усмрти едно лице!
Три лица загинаа откако торнада удрија во државите Арканзас, Илиноис, Тенеси и Ајова.
Болницата за медицински науки на Универзитетот во Арканзас, единствениот голем центар за траума во државата, прогласи тревога за масовните жртви од ниво 1 откако торнадото го погоди Литл Рок.

Во петокот вечерта, локалната болница извести дека лекувала најмалку 21 пациент во критична состојба, сите жртви на торнадото што удри во областа Литл Рок.
Торнадата распарчија домови и срамнија со земја цели населби, превртеа возила и фрлаа дрвја и остатоци по патиштата додека луѓето бегаа за засолниште.
Во Белвидер Илиноис, дваесет и осум лица беа повредени, а едно загина откако силните ветришта предизвикаа уривање на покривот на концертот врз посетителите собрани да го видат хеви метал бендот „Morbid Angel“.


Бурите дојдоа само една недела откако повеќе од дваесетина смртоносни торнада го пробија Мисисипи и делови од Алабама, при што загинаа најмалку 26 лица.
Воздушните снимки објавени од „The Weather Channel“ покажаа тешко оштетена област на градот што се протега на неколку блокови, а на бројни домови им недостасуваат покриви и ѕидови, некои од нив се урнале, а возилата се превртеле со отпадоци на улиците.
Градоначалникот на Литл Рок, Френк Скот Џуниор, на „Твитер објави“ дека побарал од гувернерката на Арканзас, Сара Хакаби Сандерс, да ги мобилизира војниците на Националната гарда за да помогнат во одговорот за итни случаи.


Одделно, медицинскиот центар за здравје Баптист во соседниот град Норт Литл Рок, веднаш преку реката Арканзас од главниот град, објави дека лекува 11 пациенти од невремето, од кои еден во критична состојба. Локалната телевизиска станица „KTHV-TV“ објави еден смртен случај поврзан со невремето во Норт Литл Рок, но тоа не можеше веднаш да се потврди.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Kolku samo pari ke isperat osiguritelnite drustva, milijardi… Se nadevam deka del ke dobie i prostata boranija. Za da mozi da si gi popravi domovite.
Gleda gospod , sto pravat vo EVROPA neka im vrati tamo ……
И…??Многу сте американизирани бе другарчина.Отворете атлас,шарнете малку.
Цел свет е пред вас,не е само Америка.OMG!!
Ајде сега претседателе „сопка“ Бајден под хитно прати им ја 6-тата флота на тој што ви ги прати ураганите. Та нели вие Каубојците сте најсилни и најспремни за се и сешто…а, ваму куќите од клечки и хартија. Па нашите фасади од 2014 направени од стиропол подолго издржаа.
Коментирај анонимно