Фотограф од Бангладеш им помага на децата да добијат образование и повеќе да не работат

ГМБ Акаш е наградуван фотограф од Бангладеш. Со години тој фотографира со цел да ја подигне свеста за неколку прашања што остануваат нерешени во неговата татковина, како што е работна експлоатација на деца. Сега, тој го однесе својот проект на следно ниво помагајќи им на овие деца да престанат да работат на млада возраст. Тој бара дозвола од семејствата на овие деца и потоа ги испраќа на училиште користејќи свои пари.