Фотограф од Италија ги покажува лицата на хероите кои секојдневно се борат со најголемиот непријател, коронавирусот
Кога Алберто Џулијани, фотограф од Песаро, Италија отишол да ги фотографира лекарите и медицинските лица кои лекуваат голем број пациенти заболени од коронавирусот во болницата во Песаро, вели дека не бил психички спремен за она што го видел таму. Два ката од болницата биле конвертирани во единици за интензивна нега, а пациентите на вториот кат не биле во свесна состојба.
За време на нивните смени кои можат да траат и по 12 часа овие лекари и сестри мораат да бидат целосно покриени со заштитна опрема, која не смеат да ја отстранат ниту за чаша вода или пак одење во тоалет. Кога ќе им заврши смената ги отстрануваат маските и конечно можат да „дишат“ слободно или пак барем малку да го намалат емоционалниот стрес, доколку е тоа можно. На крајот можете да го запознаете и фотографот.