Фотограф од Новосибирск покажа колку децата се менуваат за само 6 години

Фотографот од Новосибирск, Никита Књунин, решил да го фотографира со својот помлад брат на еден од неговите последни денови на училиште. За време на снимањето, фотографот се сетил дека уште пред 6 години, тој направил портрети на соучениците на неговиот брат кога биле во 5-то одделение. Ова му даде идеја да создаде проект од фотографии што ќе покаже колку се сменети децата.

Самиот фотограф вели: „На последниот час, ги донесов овие архивски снимки со мене и набрзина се обидов да ги доловам промените што се случија во текот на 6 години. Еве уште еден визуелен доказ дека времето тече многу брзо, сите се менуваат и созреваат веднаш пред нашите очи, иако ни се чини дека секогаш сме биле исти како и сега. Невозможно е да се запре времето, така што сè што останува е да успееме да направиме вакви фотографии “.