Фотограф од Русија патува низ опасни места за да ја покаже убавината на животинскиот свет

Фотограф на дивиот свет од Русија по име Андреј Гудков, оди на чести експидиции во најопасните африкански и индонезиски региони, како Замбија, Борнео и островот Ринка. Покрај тоа што е почестен од National Geographic, тој е и член на Кралското фотографско друштво и Меѓународната федерација за фотографска уметност.

Уште од детството, Гудков бил страствен обожавател дивите животни и природата. Со години, фотографот истражувал диви средини со својата камера, одејќи на долгорочни експедиции за развој на неговиот импресивен личен стил. Тој открил дека разбирањето на однесувањето на дивите животни, правењето внимателни подготовки за следното сафари со фотографии и преземањето храбар ризик се клучни состојки за неверојатни фотографии од дивиот свет.

„Во фотографијата на животински свет, ризикот е секогаш присутен. Сепак, секој ризик мора да биде оправдан. Ниту една фотографија – дури и најдобрата – не вреди за човечки живот.“, вели Андреј. Еве дел од неговите импресивни фотографии: