Фотограф прави портрети од непознати луѓе и покажува како насмевката ја менува личноста и светот околу неа

Дали некогаш сте се запрашале колку се менува изразот на лицето кога се насмевнувате? Фотографот Џеј Вајнштејн реши да ја демонстрира моќта на искрената насмевка. Тој патуваше во неколку земји за да собере материјал за неговиот фото-проект „Само ги замолив да се насмевнат“. Тој им приоѓал на непознати, без оглед на полот, возраста и статусот и правел две фотографии од нив, со и без насмевка. И, понекогаш се чини дека на фотографиите „пред“ и „после“ се опфатени различни луѓе. Фотографиите се направени низ Индија, Сингапур, Австралија и Кенија.