Фотограф успеа да ја опфати неверојатната средба на волк и гризли мечка

Националниот парк Јелоустоун отсекогаш нудел спектакуларни знаменитости, но неодамнешниот го привлече нашето внимание на исклучителен начин. Гризли мечка уживаше во својот пикник откако успеала да удави елен и го извлекла на брегот на реката Јелоустоун. Бидејќи областа е добро видлива од околината, таа стана празник за фотографи.

Сепак, од сите зачудувачки снимки на мечка и елен, особено се издвојува серија на патникот и фотограф од Монтана, Сет Ројал Крофт. Сет бил приличнп возбуден и пристигнал на местото дури во 6 часот наутро. Додека се воодушевувал на ловот на мечката не очекувал дека набрзо ситуацијата ќе ескалира.

Сив волк излезе од шумата бидејчи најверојатно го почувствувал мирисот на мртвото животно и Сет успеа да ги направи најдобрите фотографии во неговиот живот.