Фотограф веќе 12 години фотографира напуштени места низ светот и тие се морничави и магични во исто време

Напуштените структури изгледаат како тажни споменици со неисполнети надежи. Луѓето некогаш инвестирале огромни сили и средства во нивната изградба, но сега овие структури тивко се распаѓаат заборавени од сите.

Тие веќе не функционираат, но сепак имаат своја естетика и шарм. Фотографот Александар Сухарев објави на својот Твитер избор на највпечатливи снимки од напуштени згради и градби што ги снимил во период од 12 години.