Фотограф успеа да го фотографира првиот жолт пингвин во колонија на далечен остров

Фотограф успеал да фотографира екстремно редок пингвин додека бил на патување во Јужна Џорџија. Јужна Џорџија и Јужните Сендвички Острови се британска прекуморска територија во јужниот Атлантски Океан. Тоа е далечна и ненаселена збирка на острови кои се состојат од Јужна Џорџија – која има околу 170 км на 29 км површина и е најголем остров во територијата, и ланец од помали острови познати како Јужни Сендвички Острови кои се наоѓаат југоисточно на околу 650 км. Таму нема домородно население и островите се познати по пингвините.

Ив Адамс вели дека го забележал необичниот кралски пингвин додека водел двомесечна експедиција за фотографија низ Антарктикот и Јужниот Атлантик. Откако турнејата запре на дивите острови на Јужна Џорџија 43-годишниот фотограф и неговите гости слетале во Солзбери Плејн за да ја фотографираат нивната колонија со повеќе од 120.000 кралски пингвини.

Ив, од Гент, Белгија вели: „Никогаш порано не сум видел и чул за жолт пингвин. На таа плажа имаше 120.000 птици и оваа беше единствената жолта. Сите изгледаа нормално, освен овој. Тоа навистина беше нешто друго. Тоа беше неверојатно уникатно искуство.“

Бојата на пингвинот најверојатно е предизвикана од леуцизам, мутација што спречува воопшто да се произведува каков било меланин во пердуви, предизвикувајќи бела, бледа или необична боја кај животно. Степенот на леуцизам може да варира од само неколку пердуви до целосното тело.