Фотограф замолил да им направи портрет на луѓе за 120 денари, но секој од нив да му каже на што ќе ги потроши парите

Украинскиот фотограф, Роман Пашковски, оркестрираше интересен проект. Тој на јавни места стави најави дека ќе плати 2 € на секој што се согласи да позира за портрет. После фотосесијата тој на сите луѓе им го поставил истото прашање: „Како ќе ги потрошите парите?“

Пашковски признава дека црно-белите фотографии што ги добил биле почетна точка за него во светот на тотално различен вид на фотографија.

1. Владислава (17) ќе додаде 2 € во сопствените пари за мултиготвач како подарок за нејзината мајка.

2. Ала Павловна (82) ќе купи овошје.

3. Оксана (42) ќе ги потроши парите на колачињата за своето дете и ќе му даде пари за училиште.

4. Анатолиј (46) ќе потроши дел од парите за да исплати заем за јакната Манго што ја носи.

5. Татјана (38) ќе ги искористи парите за превоз за да учествува во „Украина зборува“ каде ќе добие 6 евра за нејзино учество.

6. Анатолиј (37) ќе потроши 2 € на чоколадо за неговата сакана ќерка.

7. Људмила, (58). Оваа актерка, која копнее по внимание и работа, ќе ги потроши парите на јавниот превоз.

8. Јулија (35) ќе купи јаболка и портокали.

9. Николај (52) ќе потроши 2 € за храна.

10. Јулија, (38). Таа сака малку швајцарско сирење и банана.