Фотографија од татко на смртна постела на која што го пие последното пиво со синовите буди бура на емоции

Норберт Шем од Апелтон, Висконсин, бил опкружен со најблиски бидејќи умирал од ракот на дебелото црево. 87-годишниот човек имал само една едноставна желба: Да го испие последното пиво со своите тројца синови. Неговиот внук Адам сподели слика на дедо му во неговиот болнички кревет како ужива едно последно пиво со синовите пред да умре.

На Твитер тој напиша: „Дедо ми почина денес. Синоќа се што сакаше да направи беше да го испие последното пиво со своите синови.“ Фотографијата го освои вниманието на интернет публиката и многу луѓе споделиле свои приказни од последните желби на нивните сакани. Сепак насмевката на Норберт кажува дека на самиот крај само наједноставните работи нѐ прават среќни.