X

Фотографии кои ја прикажуваат застрашувачката моќ на вулканот Тал, што штотуку избувна на Филипините

Додека Австралија настрада од неконтролираните пожари, Филипините се погодени од друга природна непогода. Вулканот Тал лоциран на големиот остров Лузон избувна на 12 јануари 2020 година, наводно испраќајќи пепел и пареа од 10 до 14 километри на небото. Со алармирање на Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (PHIVOLCS) ситуацијата ескалира од Опасност број 2 до Опасност број 4, а сега се верува дека „опасна експлозивна ерупција е можна за неколку часа до денови“.

Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија, нареди евакуација во градовите Балете, Сан Никола и Талисај во Батангас и во другите градови на брегот на езерото Тал. Додека луѓето гледаа во страв и паника, некои успеаја да направат фотографии од еруптивниот вулкан. На фотографиите е прикажано дека чадот и пепелта се издигаат од устата на Тал, достигнувајќи високо на небото. Поради ова, Меѓународниот аеродром во Манила беше принуден да ги прекине сите летови до и од сите терминали.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!