Фотографии кои ги прикажуваат постојаните борби на македонскиот народ од 1940-тите до денес

Среќен празник Македонци! Денес го славиме денот на народното востание на македонскиот народ, но суштински борбата за Македонија не престанува и ние продолжуваме да водиме постојани битки од секаков карактер. Втората Светска војна не е единствениот период во кој Македонија се соочи со неколку окупатори, нѐ делеле и пред тоа, нѐ делат денес и ќе продолжат да нѐ делат. „Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска!“, е реченица која вреди да се запамети, а во таа чест еве какви сѐ битки водевме во нашата татковина почнувајќи од суштинската пред 80 години. За жал, ова е само еден мал сегмент за она што се случува во државата низ годините.

„Гоце Делчев“ е името на партизанскиот одред кој прв удри по бугарскиот фашистички окупатор на 11-ти Октомври 1941год. во Прилеп и Куманово

Албански и македонски партизани маршираат со транспарентен. Во него пишува: „Да живее братството на македонскиот и албанскиот народ!“

Формирање на нов партизански одред во близина на селото Шешково во август 1944 година

Македонците го слават ослободувањето на Скопје во декември 1944 година. Натписот на плакатот го велича обединувањето со Југославија.

XV македонски корпус на пат кон Сирмискиот фронт во јануари 1945 година.

Македонки во Демократската армија за време на Грчката граѓанска војна

Собирот на Македонците од Бугарија кај Роженскиот Манастир во 1990 (Наскоро вакви собири биле забранети)

Воен конфликт 2001

Протести против промена на името

Протести на работници