Фотографии кои потсетуваат на она што не треба никогаш да се повтори: Земјотресот од 1963
На 26 јули 1963 година во 5:17 часот се случи природна катастрофа која ќе ја паметат и генерации кои воопшто не биле родени во тој период. Скопје беше разурнато од со 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според Рихтеровата сеизмичка скала) кој траел 20 секунди.
Над 1000 граѓани ги изгубиле животите и 4000 биле повредени. Над 200.000 останале без покрив над главата. Старата железничка станица денес е Музеј на Град Скопје и претставува симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.














