Фотографии што ќе ја променат нашата перцепција за времето

Нашето чувство за време можеби не е точно како што мислиме дека е. Настаните од „античкото минато“ можеби се случиле поскоро отколку што мислиме, а некои современи институции се всушност постари од одредени цивилизации. И ако направиме споредба на некои историски пресвртници, ќе сфатиме како времето се движи поинаку во зависност од тоа на која страна од светот се наоѓаме.

Кралицата Елизабета Втора и Мерилин Монро денес би биле на иста возраст.

Кралицата Елизабета Втора и една од најпознатите актерки во 50-тите години од минатиот век, Мерилин Монро, се родени нешто повеќе од еден месец разлика, во 1926 година. Двете имале 30 години кога се сретнале на филмска премиера во 1956 година, во Лондон.

Мамути сè уште постоеле кога се граделе пирамидите.

Ние вообичаено мислиме на мамутите како суштества што исчезнале со диносаурусите, но праисториските слонови сè уште лутале по земјата кога античките Египќани ги изградиле пирамидите во Гиза. Масивните пирамидални гробници биле изградени пред околу 4.500 години. Во 2019 година, тим истражувачи ги објави своите откритија за фосили на мамути од островот Врангел во Арктичкиот океан, што укажуваат на тоа дека последните мамути изумреле пред околу 4.000 години.

Универзитетот во Оксфорд е постар од Ацтечката империја.

Тенохтитлан, или престолнината на Ацтечката империја, е основана уште во 1325 година на местото денес познато како Мексико Сити. Но, додека Ацтеките ја граделе својата империја, научниците од Оксфорд веќе дискутирале за наставните програми. Наставата на најстариот универзитет (на англискиот јазик) започнала во 1096 година. До XIII век, веќе биле изградени сали за престој на универзитетот.

Мачу Пичу и Сикстинската капела се изградени во исто време.

Архитектурата на овие 2 места, кои се светското наследство на УНЕСКО, носи неверојатен контраст. Мачу Пичу во Перу е тврдина која е изградена со употреба на камења, додека Сикстинската капела во градот Ватикан е украсена со ренесансна уметност.

Неодамнешно истражување проценува дека тврдината Мачу Пикчу била изградена помеѓу 1421 и 1476 година. Во меѓувреме, градежните проекти за реставрација на Сикстинската капела започнале некаде помеѓу 1477 и 1480 година.

Томас Едисон сè уште бил жив кога била отворенa зградата Емпајер Стејт.

Томас Едисон, пронаоѓачот на сијалицата и многу други големи иновации, починал на 18 Октомври 1931 година. Но, тој сè уште бил жив кога милиони од неговите пронајдоци ја осветлиле новоизградената зграда „Емпејр Стејт“ на 1 Мај 1931 година. На отварањето, тогашниот американскиот претседател Херберт Хувер симболично ги запалил светлата со притискање на копче од Белата куќа.

Универзитетот Харвард е постар од законот за гравитација на Њутн.

Институцијата е основана како Универзитет во Масачусетс уште во 1636 година пред да го смени името во Харвард во 1639 година. Веќе постоела околу 5 децении кога Сер Исак Џутн го објавил својот Закон за  гравитација во 1687 година.