„Фраер“ евакуиран од Вухан се фали дека жените сакаат да бидат во карантин со него

Коронавирусот уби 213 луѓе. Од вчера, тоа е глобален итен случај. Стотици се ставени во карантин по враќањето од Кина, вклучувајќи го и овој американски фудбалер – сепак, некои навивачи се малку презагрижени за него.

Џеред Еванс, со потекло од Њујорк, неодамна се пресели во Вухан играјќи за Вухан Берсекерс. Како и да е, тој беше еден од околу 200 американски државјани кои излегоа надвор од земјата претходно оваа недела преку евакуација на државниот оддел.

Моментално тој се наоѓа во Воздухопловната база во Риверсајд, Калифорнија и вели дека постојано добива понуди од жени кои сакаат да бидат во карантин со него. Тој вели дека не бил позитивен на вирусот, но властите сакаат да ги задржат сите во базата за да бидат сигурни. „Многу сериозно се сфаќа, но исто така е опуштено… ние разговараме едни со други надвор“, објасни тој.

Фудбалерот тренирал во Кина во декември, во подготовките за својата следна сезона во Швајцарија, кога избувна новиот вид на коронавирус во Вухан.

Џеред вели дека првин не верувал дека целиот град ќе биде под карантин, но набрзо сфатил колку е сериозна ситуацијата и купил маски, вода, храна и ги платил однапред сметките за гас и струја. Сепак за среќа набргу бил извлечен од земјата од страна на САД.

Иако е затворен во базата Џеред е сѐ уште активен на социјалните мрежи и дури и тој самиот не може да поверува во многуте понуди од жени да бидат во карантин со него, па реши да се пофали пред светот.